Артета го вметна Жоржињо на списокот на желби за засилувања во тимот

by
1 минути читање

Арсенал прикажал
интерес за услугите на 28 годишниот фудбалер од средниот ред на градскиот ривал
Челси, Жоржињо, а со тоа „Топчиите“ продолжуваат со активната потрага на
трансфер пазарот по засилување во средниот ред.

Како што е
познато, Арсенал сериозно е заинтересиран за услугите на Хусем Оар од Олимпик
Лион, како и Томас Парти од Атлетико Мадрид, како и да е, „Скај Спортс“ извести
дека шефот на стручниот штаб на „Топчиите“, Микел Артета го идентификувал
Жоржињо како можно големо засилување во својот тим.

Интересно е тоа
што Артета беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити во
периодот кога тој клуб посакуваше да го ангажира Италијанецот пред две години,
а се чини дека Артета е посебно импресиониран од неговите перформанси на
теренот.

Жоржињо потпиша
за Челси во 2018. година по трансферот од Наполи вреден 50 милиони фунти,
досега запиша 100 настапи за Сините од Лондон, во кои постигна десет погодоци,
а воедно е прв пеналџија во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани