Артета: Дојдовме во Париз за да испишеме историја!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изрази голема решителност и оптимизам пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кој се игра вечерва на „Паркот на принцовите“. Артета нагласи дека неговиот тим е подготвен да направи историја и да се избори за место во финалето.

Тука сме за да испишеме историја. Една победа нè дели од финалето. Сакам зборовите да ги изразиме на теренот. Резултатот е таков и јасно е дека двата тима имаат уште многу работа пред себе. Знаеме што треба да направиме. За да освојувате трофеи треба да бидете на вистинското место, во вистинското време. Во ваков натпревар не е потребна дополнителна мотивација, таа ја имате одвнатре“, изјави Артета.

Во однос на противникот, Артета изрази голема почит кон тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, нарекувајќи го „еден од најдобрите тренери на пазарот во моментов“ и истакнувајќи дека неговиот стил и енергија се препознатливи во секој тим што го води.

Арсенал се соочува со предизвикот да надомести пораз од 1:0 од првиот натпревар, но Артета верува дека неговиот тим има квалитет и карактер да се избори за финале. Натпреварот започнува вечерва во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани