Арсенал засилен пред полуфиналниот реванш против ПСЖ во ЛШ

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал добива добри вести пред реваншот против ПСЖ – Јурен Тимбер и Рикардо Калафиори се вратија на тренинзите во пресрет на полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите.

Холандскиот бек не беше во составот на „топчиите“ за дуелот против Борнмут во Премиерлигата, кој го загубија со 1-2, а Артета не откри зошто. Од друга страна, Калафиори беше надвор од терените поради повреда на коленото и пропушти десет натпревари. Италијанецот денеска тренираше со тимот и учествуваше во загревањето во првите 15 минути од тренингот, дел кој беше отворен за медиумите.

Во негово отсуство, 18-годишниот Мајлс Луис-Скели од академијата на Арсенал успешно ја пополнуваше левата бековска позиција и се очекува да стартува и во Париз, каде што Арсенал ќе се обиде да надомести негатива од 0-1 од првиот натпревар.

Тренерот Артета ќе може да смета и на Томас Парти, кој ја одлежa суспензијата и се враќа во тимот за клучниот реванш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани