Арсенал за иста цена купува напаѓач кој дал трипати помалку голови од Ѓокереш!?

by riste
1 минути читање

На Арсенал очајно му е потребен елитен напаѓач, тоа е приоритетот на топчиите во овој преоден рок.

Тие долго време се поврзуваа со Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон, но последните информации велат дека тој нема да потпише за лондонскиот клуб.

Фабрицио Романо сега тврди дека Арсенал почнал преговори со Лајпциг за ангажман на Бенјамин Шешко.

Шешко не е поевтин од Ѓокереш, напротив, се верува дека Арсенал ќе треба да одвои околу 70 милиони евра за реализација на овој трансфер.

Бројот на постигнати голови на Шешко во изминатата сезона е трипати помал од оној на Ѓокереш.

Шешко постигна 13 голови, имаше и пет асистенции во Бундеслигата, додека Ѓокереш даде 39 голови и имаше осум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани