Арсенал влезе во трката за потписот на Иско

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета го вметна фудбалерот од средниот ред на
Реал Мадрид, Иско како голема желба за засилување уште во јануарскиот преоден
рок, но за плејмејкерот има интерес и од други клубови.

„Спорт“ веќе
извести дека на плејмејкерот му било дадено зелено светло да си замине од „Кралскиот
клуб“ идниот месец, меѓутоа до овој момент наводно немало ништо конкретно во
однос на понудите.

Весникот додава
дека Евертон исто така има пријавено интерес за Иско, како и Јувентус, Севиља и
Милан.

Засега останува
непознато колку би требало да биде висината на обештетувањето што би ги
задоволило челниците на Реал Мадрид за фудбалерот кој сезонава во сите
конкуренции запиша само десет настапи.

Договорот на Иско
истекува во 2022 година, а се верува дека во Реал Мадрид очајно посакуваат да
се ослободат од „вишокот“ во својот состав кој заработува шест милиони евра по
сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×