Момците на Артета доминираа во најголем дел од мечот. Во првиот дел имаа преку 80 проценти посед на топка.
Резултатот беше отворен во 26. минута кога по едно добро проигрување од Мартинели, Нкетиа даде гол за водство од 1-0.
Шест минути подоцна Сака даде прекрасен гол и го зголеми водството на 2-0.
Во второто полувреме Арсенал ја тргна педалата од гас, Нотингем форест се опушти од стегите и заигра многу подобро, особено во финишот од мечот.
Таквата игра им донесе намалување на предноста кога во 82. минута Авонији намали на 2-1. Што беше и конечен резултат.
Црна дамка на победата беше повредата на Тимбер која ја заработи во финишот од првиот дел. Се обиде да игра во второто полувреме, но не можеше, во 50. минута го напушти теренот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.