2,1K
Откако го договори трансферот на Зубименди, следната цел на Арсенал е да ангажира напаѓач, прв пик е играчот на Спортинг, Виктор Ѓекереш.
Интересот за Ѓекереш е голем, но топчиите се едни од главните конкуренти.
Арсенал до Спортинг ја доставил првата понуда, а таа изнесува 75 милиони евра.
Топчиите веќе ги договориле личните услови со фудбалерот.
Поради Аморим, Ѓекереш се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но црвените ѓаволи веројатно ќе се насочат кон Виктор Осимен.