Арсенал го подготвува теренот за новата сезона и веќе го договори првото летно засилување – Мартин Зубименди ќе го засили средниот ред на „топчиите“.
Според Фабрицио Романо, лондонскиот клуб постигнал договор со шпанскиот репрезентативец, кој прифатил долгорочен ангажман на „Емирати“. Романо го потврди трансферот со своето препознатливо „Here we go“, што значи дека сè е подготвено за официјализација.
Арсенал е подготвен да ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра, со што Зубименди ќе стане првата потврденa аквизиција за Микел Артета во летниот преоден рок.
26-годишниот фудбалер на Реал Сосиедад одамна е на радарот на Арсенал, а неговото доаѓање се смета за стратешки чекор со кој клубот ќе се обиде да ја задржи конкурентноста и во Премиер лигата и во европските натпреварувања.