Арсенал се пожалил до ПГМОЛ дека Сака многу „јаде ќотек“ па добија порака: Престанете да плачете!

by
1 минути читање

Токспорт објави
дека Арсенал се обидел да го заштити Букајо Сака, клубот од Северен Лондон
стапил во контакт со Асоцијацијата на судии (ПГМОЛ), се пожалил дека
офанзивниот фудбалер многу „јаде ќотек“ и побарал поголема заштита.

Англичанецот беше
третиот најфаулиран фудбалер во Премиерлигата во 2023 година, 87 пати бил
соборен на земја.

Ваквите информации
не му се допаднаа на Габриел Агбонлахор, поранешниот фудбалер испрати жестока порака до „топчиите“.

„Треба да
престанат да плачат. Само тоа го слушате од Артета и Арсенал, едноставно треба
да се помират и да продолжат, таков е фудбалот“
– вели екс-играчот на Астон
Вила.

„Порано се
правело фаул секогаш кога ќе добиете топка. Погледнете што му се случуваше на
Марадона, го правеа „салата“. Ниту жолт картон се даваше, играта продолжува“.

„Слично е и со
Меси, го удираат, удираат, удираат… а тој ќе стане, веднаш ќе го изведе слободниот удар и продолжува“.

„Искрено, Арсенал
треба да престане да плаче!

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×