Арсенал сака да се бори со Ливерпул и Сити за титулата, а подготвува изненадувачки трансфер на Мајорал

by
1 минути читање

Габриел Жесус,
Каи Хаверц и Еди Нкетија се мачат со формата, па Микел Артета бара
докажан голгетер во обид да им парира на Ливерпул и Манчестер Сити во трката за
титулата во Премиерлигата.

Според пишувањата
на Сан, „топчиите“ не можат, и не сакаат, да платат 100 милиони фунти за Ајван
Тони од Брентфорд, па разлегуваат неколку други опции.

Една од нив е
Борха Мајорал од Хетафе, била испратена и понуда од 22 милиони фунти (околу 25
милиони евра), но предлогот веднаш бил одбиен.

Борха Мајорал
прикажува сосема солидни партии во првиот дел од сезоната и до овој момент има
12 погодоци во Ла Лига, но прашање е дали тој е калибар на фудбалер кој ќе може
да го крене нивото на тим како Арсенал, и да го предводи нападот на клубот од
Северен Лондон до највисок успех.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×