Избраниците на
Емери ќе се вратат разочарани уште од едно гостување. Откако му подарија победа и
три бода на Саутемптон со катастрофален кикс на Лено во финишот од мечот,
„топчиите“ сега го почастија со бод и Брајтон.
Арсенал одлично
го почна мечот на „Амекс“ Стадионот, поведе со голот на Обамејанг во 7. минута,
а потоа Габонецот имаше 100% шанса за дуплирање на предноста но голманот на
Брајтон со извонредна интервенција ја сочува својата мрежа..
Гостите продолжија
да притискаат, но наместо да дадат нов гол, примија смешен погодок. Лихштајнер
катастрофално врати една топка, Лено се двоумеше дали да излезе или да остане,
па Локадија без многу мака ја затресе празната мрежа во 35. минута од мечот.
Во продолжението,
Арсенал иако го имаше поседот на топката се мачеше да креира нова прилика, па
клубот од Северен Лондон на крајот мораше да се задоволи само со бод.