Арсенал по втор пат ќе го сруши трансфер рекордот ова лето, „топчиите“ тргнуваат по потписот на Кварацхелија?!

by
1 минути читање

Клубот од Северен
Лондон постави нов сопствен рекорд но и рекорд во Премиерлигата кога за 105
милиони фунти го купи Деклан Рајс од Вест Хем.

Според пишувањата
на Фудбал Трансферс, Арсенал може по втор пат да го сруши трансфер рекордот ова
лето, „топчиите“ размислуваат за ангажман на Хвича Кварацхелија.

Арсенал смета
дека останувањето на Виктор Осимен во Наполи ќе придонесе шампионот на Италија
да ја отвори вратата за трансфер на Грузиецот.

Исто така
„топчиите“ се надеваат дека нивниот добар однос со новиот спортски директор на
Наполи, Мауро Мелусо ќе им помогне за комплетирање на зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани