Арсенал нема да штеди, ќе плати 80 милиони за хитот во Премиерлигата

by bojan
1 минути читање

„Топчиите“ сериозно загризале за ангажман на Ели Крупи Јуниор од Борнмут и се подготвени да платат околу 80 милиони фунти за ангажман на напаѓачот.

Ели Крупи Јуниор е хит во Премиерлигата оваа сезона, 19 годишното момче беше во втор план на почетокот, но се наметна со одличните голгетерски партии.

Тој има 13 погодоци зад своето име, па го привлече вниманието на неколку клубови.

Последните информации велат дека Арсенал сериозно загризал, „топчиите“ се подготвени да платат дури 80 милиони фунти за негов ангажман.

Доколку прифатат трансфер, популарните „цреши“ ќе направат неверојатна зделка, во јануари 2025 го купија Ели Крупи Јуниор за само 10 милиони фунти.

ФОТО: X/AFC Bournemouth

Можно е и ова да ти се допаѓа

×