96
Минатата сезона во април Арсенал беше поразен со 3-0 на гостувањето кај Кристал Палас, но тој натпревар не остави психолошка трага врз топчиите кои вечерва дојдоа до трите бода.
Арсенал имаше фуриозен старт на натпреварот, по неколку шанси, Зинченко во 20. минута асистираше до Мартинели кој погоди со глава за водство од 1-0.
Во првото полувреме Арсенал имаше тотална доминација на мечот, но во вториот дел Кристал Палас имаше свои шанси кои не ги искористи.
Победникот беше решен во 85. минута кога Сака биеше, а Геи си постигна автогол за конечни 2-0 за Арсенал.
Старт на сезоната каков што можеа само да посакаат навивачите на Арсенал.