Арсенал му плати на Обамејанг да оди во Барселона, а само шест месеци подоцна „каталонците“ го продаваат за 27 милиони

by
1 минути читање

Пјер Емерик
Обамејанг беше капитен на Арсенал, но по еден негов „излет“ во Франција пукна
тиквата. Микел Артета му ја одзеде капитенската лента, го прешкрта напаѓачот и
во јануари го испрати во Барселона.

Со оглед на тоа
дека „каталонците“ беа во лоша финансиска состојба, Арсенал наместо да заработи од продажба, му го раскина договорот на Пјер
Емерик Обамејанг и практично му плати за да се пресели на Камп Ноу.

Шест месеци
подоцна, Пјер Емерик Обамејанг се поврзува со враќање во Премиерлигата, голем
број на извори пренесуваат дека ќе има нова рунда преговори помеѓу Барселона и
Челси на која ќе падне дил за трансфер вреден помеѓу 22-24 милиони фунти (околу
26-28,5 милиони евра).

За Барселона ова
ќе биде одлична зделка, ќе добијат солидна сума на пари за фудбалер кој пристигна
беспари, а на Емирати ќе се прашуваат дали повлекле прав потег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани