184
Арсенал испратил формална понуда за Вилијам со тригодишен договор. Токму должината на договорот е тоа што ги закочи преговорите на Бразилецот со Челси.
31-годишниот фудбалер од Челси бараше нов тригодишен договор, но клубот му нудеше договор само на две години.
Вилијан сака да има уште еден богат и повеќегодишен договор пред крајот на својата кариера. Со оглед на тоа што тој е слободен играч, Арсенал ќе му ја оствари желбата и му нуди договор на три години со висока плата.
Се верува дека двете страни наскоро ќе се договорат и Вилијан ќе стави потпис на договор со Арсенал.
Заинтересираност имаше и од Барселона и Интер Мајами, но Вилијан преферира да остане во Лондон.