174
Топчиите тргнаа одлично во натпреварот, на Нкетија му беше поништен гол поради офсајд, а веднаш потоа Обамејанг ја погоди пречката.
Клучниот момент се случи во 20. минута кога голманот на Саутемптон, Мекарти со огромна грешка му подари гол на Арсенал, подарокот го искористи Едвард Нкетија.
Следното возбудување беше во 85. минута кога Сивенс заработи директен црвен картон поради старт како последен играч, Саутемптон остана со играч помалку.
На Арсенал му требаа две минути за да го искористи тоа, Вилок реализираше за конечен резултат од 2-0.
Во исто време се играше и мечот меѓу Барнли и Ватфорд. Домаќините победија со 1-0 со гол на Родригез.