Арсенал е клубот
кој има потрошено најмногу до овој момент ова лето, „топчиите“ го срушија
трансфер рекордот во Премиерлигата кога го ангажираа Деклан Рајс како трето
засилување и одвоија речиси 200 милиони фунти за нови играчи, откако претходно
ги купија Каи Хаверц од Челси и Јуриен Тимбер од Ајакс.
Но клубот од
Северен Лондон не планира да сопре тука, последните информации велат дека
Арсенал тргнал по потписот на Давид Раја.
И покрај тоа што
Арон Рамсдејл е прв голман, Микел Артета сака уште едно квалитетно име на оваа
позиција. Се говори дека „топчиите“ веќе се договориле со Шпанецот и сега треба
да најдат заеднички јазик со Брентфорд за висината на трансферот.
Првата понуда на
Арсенал е 20+3 милиони фунти, но се очекува овој предлог да биде одбиен,
Брентфорд бара околу 40 милиони фунти за да го продаде Давид Раја.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.