Арсенал ќе му помогне на Ливерпул да донесе нов дефанзивец

by
1 минути читање

Јирген Клоп е на
добар пат да го добие второто засилување за одбраната, откако е договорен Бен
Дејвис од Престон, на Енфилд треба да пристигне и Озан Кабак од Шалке.

Се верува дека со
Шалке е постигнат договор за позајмица вредна 2,5 милиони фунти (3 милиони
евра) со опција играчот во целост да биде купен по крајот на сезоната.

Сепак, пред да
пристигне амин за реализирање на зделката, Шалке сака да пронајде замена. Голем
број на извори пренесуваат дека станува збор за Шкодран Мустафи од Арсенал, кој е подготвен да се пресели во Бундеслигата и води преговори за договор до крајот на
сезоната. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×