Арсенал ќе има трансфер буџет од 200 милиони, приоритет е нов напаѓач

by
1 минути читање

Микел Артета повторно ќе добие голем трансфер буџет и на располагање ќе има преку 200 милиони фунти за дополнително да го зголеми квалитетот во составот.

Приоритет ќе биде засилување на офанзивата, односно ангажман на нов напаѓач и ново крило.

Кога се во прашање напаѓачите, сe верува дека е „оладен“ интересот за Ајван Тони од Брентфорд, за кого имаше многу шпекулации во минатото, и на врвот на листата со желби се Александар Исак од Њукасл, Виктор Гјокерес од Спортинг и Бенџамин Шешко од РБ Лајпциг.

Што се однесува за ново крило, Педро Нето од Вулверхемптон подолго време е на радарот на скаутите, а во последно време се внимава и на Мајкл Олисе од Кристал Палас.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани