Арсенал ќе го реши прашањето со Луиз до крајот на оваа седмица, тврди агентот на Бразилецот

by
2 минути читање

Неизвесна е
судбината на Давид Луиз во Арсенал, неговиот договор истекува токму овој месец,
а во истиот има опција и за дополнителни 12 месеци, Микел Артета јавно посочи
дека посакува стоперот да остане во тимот, меѓутоа и додаде дека финансиската
криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот може да игра главна улога.

Како и да е,
агентот на 33 годишниот дефанзивец, Киа Јорабчиан во разговор за „ТолкСпорт“
посочи дека иднината на Луиз ќе биде прецизирана до крајот на оваа седмица,
упатувајќи на некој начин и ултиматум до клубот од Лондон.

Ситуацијата
околу неговиот договор се одолговлечи поради една доста добро позната причина,
не поради волјата на Арсенал или Давид, туку поради ситуацијата предизвикана од
пандемијата
“ вели тој.

Сега е моментот
кога мораме да го решиме ова прашање, имаме уште само 14 денови,
а фудбалерот е во една критична точка од кариерата, каде веројатно се останати
три до четири години да игра на високо ниво, така тоа претставува сега една
важна мисла во неговиот ум
“ додава тој, алудирајќи на тоа дека во Арсенал мораат да
пресечат околу прашањето со договорот на Луиз, во спротивно јасно е дека тој ќе
си замине.

Тоа што можам во
моментов да го кажам е дека ситуацијата од гледна точка на Арсенал ќе биде
решена оваа седмица, ова е случај кој му дозволува на Арсенал да стори се

што е во негова моќ за да ги
конкретизира сите потребни работи во својот тим, особено во текот на оваа пандемија

заклучи агентот.

Во однос на
катастрофалното издание на Бразилецот против Манчестер Сити (3-0), каде тој „кумуваше“
на победата на фаворитот со една кобна грешка за почетно водство, како и
прекршок за пенал по кој доби директен црвен картон, Јорабчиан наведе дека Луиз
посакувал да има поинаков стил на игра, а дефанзивната линија на Арсенал била
под голем притисок поради слабата контрола на играта против еден од најдобрите
тимови во Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×