Арсенал излажан за трансферот на Бруно Гимараеш

by bojan
1 минути читање
Бруно Гимараеш сака да го промени Њукасл со Арсенал

Арсенал се обидува да го ангажира Бруно Гимараеш од Њукасл, но медиумите од „островото“ откриваат дека посредници ги излажале „топчиите“ за сумата потребна за реализирање на зделката.

Клубот од Северен Лондон достави понуда од 55 милиони фунти до Њукасл за ангажман на Бруно Гимараеш, но популарните „страчки“ експресно го одбија предлогот.

Њукасл во моментов е на ставот дека Бразилецот не е на продажба, и за да замине е потребна понуда од околу 100 милиони фунти, колку што Тотнем плати за Сандро Тонали.

Медиумите од „островото“ сега откриваат повеќе информации на оваа тема, и велат дека „топчиите“ биле излажани.

Луѓе кои требале да посредуваат во зделката, го известиле Арсенал дека Бруно Гимараеш има џентлменски договор за трансфер доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампиони, и може да биде достапен доколку пристигне предлог од над 50 милиони фунти.

Па затоа и тие тргнале по потписот на Бразилецот, но очигледно ќе мора да се повлечат бидејќи не помислуваат да одвојат 100 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×