Арсенал имал опција да го доведе капитенот на Шпанија, ама Галатасарај бил побрз!

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал не го ни отвори зимскиот преоден рок, па во него не доведе засилувања и покрај проблемите со повреди во офанзивниот дел од тимот.

Според информациите „топчиите“ во недостиг на опции на последниот ден од преодниот рок се обиделе да го доведат Алваро Мората од Милан. Арсенал бил отворен за позајмица на шпанскиот репрезентативен капитен, меѓутоа веројатно задоцни зад Галатасарај кој работеше брзо и ефикасно.

Турците ја искористија ситуацијата во Милан и набрзина го договорија трансферот на Мората во Истанбул, оставајќи го Арсенал без потенцијално ново име за нападот.

Претходно Арсенал имаше обид да го доведе Оли Воткинс од Астон Вила, меѓутоа клубот не беше заинтересиран за продажба. Навивачите на „топчиите“ се незадоволни од слабата активност на управата на трансфер пазарот и покрај проблемите со кои се соочуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани