Актуелниот англиски шампион Арсенал сака да го доведе бразилскиот напаѓач Ендрик од Реал Мадрид, објавуваат „Ток Спорт“ и „Скај Спортс“.
Според информациите, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не сака да се откаже од младиот Бразилец, но тоа нема да го спречи Арсенал да продолжи со офанзивата за неговиот потпис. „Топџиите“ се подготвени да направат сè за да го доведат Ендрик во Лондон.
Бразилскиот напаѓач минатата сезона ја помина на позајмица во Лион, откако во Реал Мадрид тешко доаѓаше до минутажа поради силната конкуренција во нападот, каде предност имаа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Арсенал во моментов на располагање ги има Виктор Ѓокереш и Каи Хаверц како опции во нападот, но англискиот клуб очигледно сака дополнително да ја засили конкуренцијата во офанзивната линија со ангажманот на Ендрик.