297
Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш е на цена, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Арсенал се споменуваше како главен фаворит за неговиот потпис, дури имаше и информации дека топчиите веќе ги договориле личните услови со фудбалерот.
Но, денеска од Англија пристигнуваат нови вести, Ливерпул се приклучува во трката по Ѓекереш и веќе ги оствриле првите контакти со фудбалерот.
Претходно поради Аморим, Ѓекереш се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но се чини дека црвените ѓаволи го одбраа Виктор Осимен.