Арсенал и Манчестер јунајтед имаат иста мака со Челси

by
1 минути читање

Челси има преголем состав и мора да продава, особено откако изминатите два преодни рока беа потрошени над 600 милиони фунти на засилувања, но очигледно „сините“ немаат намера да даваат попуст.

Арсенал сака да го купи Каи Хаверц, но само под услов Челси да ја намали цената. Се верува дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ бара околу 70 милиони фунти за услугите на Германецот. Напаѓачот е желба и на Реал Мадрид, но и „кралевите“ се на исто размислување, цената е превисока, тие се подготвени да платат најмногу 50 милиони фунти.

Слична мака и Манчестер јунајтед во намерата да го ангажира Мејсон Маунт, Челси постави цена од 70 милиони фунти и покрај тоа што Англичанецот има само уште една година од договорот.

„Ѓаволите“ се подготвени да платат околу 50 милиони фунти и веруваат дека играчот нема да стави потпис на нов договор, со што ќе може беспари да замине во 2024 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани