Арсенал го растури Атлетико Мадрид, тежок пораз на Наполи во Ајндховен (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Арсенал неочекувано со високи 4-0 го победи Атлетико Мадрид во дербито на денот од Лигата на шампионите, Наполи со убедливи 6-2 беше поразен на гостувањето кај ПСВ Ајндховен, Елмас влезе во финишот од натпреварот.

Мрежите на Емирати мируваа речиси еден час. Резултатот беше отворен во 57. минута кога Габриел погоди за водство на Арсенал од 1-0.

Останатите три гола паднаа во рок од шест минути. Мартинели во 64. минута донесе водство од 2-0, а потоа на сцена стапи Ѓокереш кој даде два погодоци за конечна победа од 4-0.

Наполи влезе како благ фаворит на гостувањето кај ПСВ, но доживеа дебакл, пораз со дури шест примени гола.

Мектоминеј во 31. минута донесе водство за Наполитанците во Ајндховен, но радоста траеше кратко. Бонџорно четири минути подоцна си даде автогол, а веќе во 38. минута се случи пресврт кога Саибари погоди за 2-1.

По девет минути игра во вториот дел Ман погоди за 3-1, па Лука доби црвен картон во 76. минута, Наполи остана со фудбалер помалку.

Тоа брзо го искористи ПСВ и во 80. минута Ман даде уште еден гол за 4-1. При тој резултат Елмас влезе во игра.

Мектоминеј брзо потоа намали на 4-2, но следуваа уште два гола на ПСВ преку Пепи и Дроуш за конечни 6-2.

Уште поубедлива победа славеше актуелниот шампион ПСЖ кој со 7-2 победи на гостувањето кај Баер Леверкузен.

Убедлива гостинска победа забележа и Интер кој со 4-0 беше подобар во Белгија кај Ројал Унион.

Четири гола даде и Борусија Дортмунд која кај Копенхаген победи со 4-2.

Предноста на домашен терен ја искористи Њукасл откако со 3-0 ја совлада Бенфика.

Манчестер Сити со 2-0 победи на гостински терен кај Виљареал.

Претходно во денот Барселона со 6-1 го победи Олимпијакос, а Каират и Пафос одиграа 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×