„Топчиите“ ја
забележаа најголемата победа во пресметките со Челси и ривалството кое трае 117
години, вечерва ги понижија „сините“ со 5-0.
Тросар донесе
рано водство и реализираше за 1-0 веќе во 4. минута, резултат кој остана до
полувремето, и покрај тоа што двете екипи имаа убави шанси за постигнување нов
гол.
Сепак, на стартот
од вториот дел Вајт погоди за 2-0, а пет минути подоцна, Хаверц ја затресе
мрежата за 3-0. Германецот во 65. минута повторно го матираше својот поранешен
клуб за 4-0, а Вајт со својот втор гол во 70. минута ги дотолчи гостите.
Со овој триумф,
Арсенал сега има +3 на врвот на табелата и мирно ќе ги чека исходите на
натпреварите на Ливерпул и Манчестер Сити.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.