Арсенал договори засилување од Порто за 35 милиони евра

by
0 минути читање

Арсенал и Порто си подале рака, Фабио Виеира се сели во Северен Лондон за трансфер вреден околу 35 милиони евра.

Арсенал ги договори и личните услови со 22-годишниот фудбалер кој утре треба да ги помине медицинските тестови по што трансферот ќе биде комплетиран.

Трансферот на Фабио Виеира е изненадувачки бидејќи претходно немаше гласини дека ќе се случи.

Тој е фудбалер кој потекнува од Порто, а има играно и во сите младински селекции на Португалија. За репрезентацијата У21 има 21 настап и дури 13 голови, што за играч од среден ред е одличен учинок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×