Арсенал договори уште едно засилување, ќе плати 30 милиони евра

by Стефан
0 минути читање

Англискиот гигант Арсенал продолжува со засилувањата за следната сезона, па наскоро би требало да го потврди трансферот на Кристијан Москера.

Москера веќе даде „зелено светло“ за преселба во Лондон, а Арсенал наскоро треба да ги договори условите за трансферот со Валенсија.

Вредноста на Москера, според „Трансфермаркт“ изнесува 30 милиони евра, а толку ќе бара и Валенсија за неговите услуги.

Тренерот Микел Артета пред почетокот на летниот трансфер период кажа дека приоритет ќе биде засилување во нападот, но засега „топчиите“ ги засилуваат останатите позиции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×