284
Обамејанг беше влезен во последната година од договорот со Арсенал и нејасна беше неговата иднина се до вчера кога официјално ја продолжи соработката со англискиот клуб за уште три години.
Сега излегоа информации од англиските медиуми за конкретен интерес на некои гиганти.
„Скај Спортс“ информира дека Барселона испратила и конкретна понуда до Арсенал за Пјер Емерик Обамејанг, но раководството на клубот ја одбило.
Интерес имало и од Интер кој ги разгледуваше опциите за напаѓач во случај Лаутаро Мартинез да го напуштеше клубот.
Тренерот Микел Артета и техничкиот директор Еду успеале да го убедат Обамејанг дека најдобро за него е да продолжи во Арсенал.