Марко Арнаутовиќ
важеше за голем талент, беше дел од Интер на Жозе Мурињо кој во сезоната 2009/10
стигна до историската тројна круна. Напаѓачот сепак никогаш не блесна на прав
начин, играше за клубови како Вердер, Стоук и Вест Хем, па дури и беше на
печалба во Кина во редовите на Шангај Порт, за минатото лето да се врати во
Европа и да потпише со Болоња.
Фудбалерот од
Австрија имаше сосема солидна сезона со 14 погодока во Серија А, па сега на
залезот од кариерата му се укажува шанса да заигра за европски великан.
Медиумите од
Италија пишуваат за шокантен трансфер, Манестер јунајтед сака да го ангажира
Марко Арнаутовиќ.
Напаѓачот ова
лето се поврзуваше и со Јувентус, па останува да се види дали Болоња ќе успее
да го задржи во своите редови.