Аргентина доби големо олеснување од ФИФА за казните за хаосот во финалето на Мундијалот

by Стефан
1 минути читање

За Аргентина стигна важна одлука од ФИФА која значително може да ѝ ја олесни ситуацијата по хаосот што настана по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство.

По инцидентите, Леандро Паредес, Нахуел Молина и Тиаго Алмада беа суспендирани, по што аргентинската федерација побара казните да можат да се одработат и на пријателски натпревари.

ФИФА го разгледа барањето и даде зелено светло. Тоа претставува големо олеснување за Аргентинците, иако фудбалерите и понатаму ги очекува подолг период надвор од репрезентацијата.

Најтешко помина Паредес, кој доби суспензија од дури 10 натпревари. Според првичниот распоред, тој требаше да биде недостапен за националниот тим повеќе од една година.

Сепак, по новата одлука на ФИФА, Паредес би можел да се врати во репрезентативниот дрес веќе на почетокот на 2027 година, доколку Аргентина во меѓувреме договори доволен број пријателски натпревари на кои тој ќе може да ја одработи суспензијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×