Арбелоа во Фулам сака да донесе три засилувања од Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Алваро Арбелоа мерка тројца играчи на Реал Мадрид како засилувања за Фулам, стратегот ги сака Франко Мастантуоно, Гонзало Гарсија и Фран Гарсија.

Алваро Арбелоа денеска беше промовиран како нов тренер на Фулам, стратегот од Шпанија веднаш најде работа по разделбата со Реал Мадрид.

И како што пренесува БиБиСи, тој токму во редовите на својот поранешен клуб ќе побара засилувања за Фулам.

Шпекулациите велат дека Алваро Арбелоа мерка тројца играчи на „кралевите“ – Франко Мастантуоно, Гонзало Гарсија и Фран Гарсија.

Но битката практично во старт е изгубено за едно име, во Шпанија се пишува дека Фран Гарсија е пред трансфер во Бетис во зделка вредна околу 4 милиони евра, како и 50% од следниот трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×