Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ја објасни ситуацијата на Едуард Камавинга и потенцираше дека тоа што се случи е грешка на судијата, а не на фудбалерот.
Камавинга плачел по мечот, но според Арбелоа, вината не е на фудбалерот и тој има поддршка од клубот.
„Како е Камавинга? Тој е во болка. Исто како и сите ние. Тоа беше ситуација за која е одговорен судијата. Во таква ситуација и во тој период, со таа одлука судијата го уништи натпреварот. Тоа што се случи е јасна грешка на судијата. Судијата не знаеше дека фудбалерот веќе има жолт картон и тоа што не знаеше според мене е сериозна грешка“, вели Арбелоа.
„Камавинга знае што е Реал Мадрид. Тој освоил многу титули тука. Знае колку е важен за соблекувалната и за клубот. Јас и клубот имаме голема доверба во Камавинга“.