3,K
Барселона во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите славеше победа од 4-0 со што каталонскиот гигант речиси и да го обезбеди пласманот во следната фаза, а по натпреварот внимание привлече и Ламин Јамал.
Тинејџерот одигра уште еден одличен натпревар и беше еден од најдобрите на теренот, додека по средбата вниманието го привлече со својата модна комбинација.
Јамал носеше розев џемпер со кој предизвика реакции кај соиграчите, а Арухо го спореди со неговата ќерка.
„Погледнете го Ламин! Ја носи јакната на мојата ќерка, Аитана“, искоментира дефанзивецот во видеото.
Araujo making fun of Lamine Yamal’s outfit: "My daughter’s jacket."😂❤️ https://t.co/wAb7BwoDen pic.twitter.com/tws0C4QYOe
— Lamine Yamal Xtra (@Yamal_Xtra) April 9, 2025