Араухо му одговори на Гундоган: Имам код и вредности кои мораат да се почитуваат

by
1 минути читање

„Каталонците“
победија со 2-3 на гостувањето кај ПСЖ, а во вторникот, на реваншот дома имаа
водство од 1-0, но работите тргнаа низ брдо откако Роналд Араухо доби црвен
картон и ги остави соиграчите на цедило.

„Светците“ знаеја
како да ја искористат бројчаната предност, направија комплетен пресврт,
триумфираа со 1-4 и се пласираа во полуфинале во Лигата на шампиони.

Илкај Гундоган
беше разочаран од ваквиот расплет, го впери прстот кон Роналд Араухо, и го
посочи дефанзивецот како главен виновник за елиминацијата.

Попладнево,
Уругваецот се појави на хуманитарен настан, па новинарите веднаш го запрашаа за
одговор на коментарите кои ја поделија соблекувалната на Барселона.

„Нема јавно да
кажам што мислам за коментарите на Гундоган, имам код и вредности кои мораат да
се почитуваат
“ – вели Араухо.

„Жал ми е за
елиминацијата, се чувствувам како и сите навивачи. Мојот старт беше 50/50,
доколку судијата не свирне, ништо нема да се случи, доколку свирне, мора да
покаже црвен картон“.

„Не чувствувам вина
за елиминацијата. Очигледно мојот картон влијаеше на текот на натпреварот, но
многу аспекти се во прашање. Им благодарам на навивачите кои ми дадоа
поддршка“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани