Баерн Минхен во
јануари се обиде да го ангажира Роналд Араухо, „баварците“ беа подготвени да платат
80 милиони евра за ангажман на Уругваецот.
Сепак, една ваква
зделка не се реализираше, па Баерн Минхен се реши за нетипичен трансфер и
ангажман на Ерик Даер, кој доби договор до крајот на сезоната, со опција
соработката да биде продолжена до јуни 2025 година.
Последните
информации велат дека Роналд Араухо не завршил на „Алианц Арена“ поради тоа што
Чави се заканил со оставка. Тренерот не сакал да слушне за продажба на
дефанзивецот и порачал дека веднаш ќе замине доколку Барселона прифати трансфер.
„Каталонците“
решиле да го послушаат тренерот, но кратко по ваквиот развој на настаните, Чави
реши да ја напушти Барселона и да се повлече од кормилото по крајот на
сезоната.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.