Арапите пристигнале во Лондон, ќе понудат фантастични 250 милиони евра за трансфер на Салах!

by
1 минути читање

Изминатиов период, често имаше гласини за преселба на Мохамед Салах во Ал Итихад, Ливерпул минатата недела одби предлог вреден околу 175 милиони евра (околу 150 милиони фунти).

Но Арапите не се откажуваат, последните информации велат дека делегација на Саудиска Арабија пристигнала во Лондон и на маса ќе биде ставена рекордна понуда.

Предлогот ќе биде тежок фантастични 250 милиони евра (215 милиони фунти) сосе бонуси, односно фиксниот дел од понудата ќе изнесува околу 200 милиони евра (170 милиони фунти).

За Мохамед Салах е подготвен договор со плата од 150 милиони евра по сезона, плус процент од продадени дресови, плус бонус од 60.000 евра за секоја победа.

Исто така на фудбалерот му се гарантира дека ќе потпише спонзорски договори со три големи компании од Саудиска Арабија, од кои вкупно ќе инкасира преку 21 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×