Арапите доаѓаат во Хрватска да го убедат Брозовиќ а тој се мајтапи: Доволни се 50 милиони!

by
1 минути читање

Интер и Ал Наср
се договорија за трансфер на Марсело Брозовиќ вреден околу 23/24 милиони евра, но
фудбалерот го одби предлогот тежок 20 милиони евра по сезона.

Се говори дека
тој побарал 30 милиони евра годишно за да го игнорира интересот на Барселона
и да се пресели во Саудиска Арабија.

Како што
пренесува Газета дело Спорт, Ал Наср испраќа емисари во Хрватска да го убедат
Марсело Брозовиќ да каже ДА.

Во меѓувреме, фудбалерот
се мајтапеше на социјалните мрежи, на еден коментар дека на Арапите треба да им
побара 40 милиони евра по сезона, тој напиша: „50 милиони се доволни“ и стави
емоџи за смеење.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани