175
Се решава
иднината на Антони, како што објави Де Телеграф, Антони веќе решил дека сака да
ја продолжи кариерата на Олд Трафорд.
Бразилецот договорил
соработка со „ѓаволите“ до 2027 година и веќе разгледува куќи во Манчестер.
Антони исто така
побарал од раководството на Ајакс да му дозволат да се пресели во
Премиерлигата, и трансферот да биде договорен во следните 48 часа.
Се говори дека
Манчестер јунајтед на маса ќе стави понуда вредна 90 милиони евра, која со
бонуси може да се искачи на 95 милиони евра, и ова ќе биде доволно за компромис
со клубот од Амстердам, кој претходно одреди цена од 100 милиони евра.