Антони по одличната сезона во Бетис може да се пресели во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот Антони, кој во зимскиот преоден рок го напушти Манчестер јунајтед и се пресели на позајмица во редовите на Бетис, успеа да се врати на вистинскиот фудбалски пат.

Во дресот на шпанскиот тим стана клучна фигура и еден од најзаслужните што тимот стигна до финалето на Конференциската лига, а притоа заврши и како шести во Ла Лига.

Иако настапите му беа на завидно ниво, на „Олд Трафорд“ нема иднина, тренерот Рубен Аморим не го гледа во своите планови. Поради тоа, Антони најверојатно повторно ќе биде продаден или испратен на нова позајмица.

Според шпанските и италијанските медиуми, желба на самиот фудбалер е да остане во Бетис, но во трката за неговиот потпис се вклучил и италијанскиот прволигаш Комо. Наводно, Бразилецот е голема желба на Цекс Фабрегас кој е тренер и еден од сопствениците на Комо.

Преговорите се во тек, а се чини дека токму Бетис или Комо ќе биде новата станица за бразилскиот офанзивец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×