Антони не се враќа во Манчестер додека не ги реши проблемите во Бразил

by
1 минути читање

Против Антони се води истрага за насилство врз неговата поранешна девојка. Поради тоа беше исфрлен од бразилскиот состав, а нема да игра ниту за Манчестер јунајтед.

„Манчестер јунајтед е свесен за сите обвиненија против Антони. Со него е договорено да го одложи враќањето на Олд Трафорд. Ние како клуб ги осудуваме актите на насилство и злоупотреба“, се вели во дел од соопштението на клубот.

Со соопштение излезе и самиот фудбалер кој потврди дека нема да се врати во Манчестер.

„Се договорив со Манчестер јунајтед да земам период на отсуство додека се решат сите обвинувања изнесени против мене во последните денови. Ова беше заедничка одлука со цел да се избегне одвлекување на вниманието на моите соиграчи и непотребни контроверзии за клубот. Сакам да повторам дека сум невин за работите за кои сум обвинет и целосно ќе соработувам со полицијата“, вели Антони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани