Бразилскиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони, во емотивно интервју за „ТНТ Спортс“ откри низ што поминувал во најтешките моменти од својот престој на „Олд Трафорд“ каде што не се прослави.
Во разговорот со новинарите Антони со солзи во очите зборуваше дека во Манчестер јунајтед во еден момент целосно ја изгубил желбата за игра.
„Поминав низ многу тежок период и веќе не ја чувствував таа радост. Му велев на брат ми: ‘Не можам повеќе, не издржувам’. Тоа беа навистина тешки денови“, открива Антони.
Тој додава дека токму брат му бил тој кој му дал сила да издржи и да продолжи.
„Брат ми ми рече да издржам уште малку, дека работите ќе се сменат. Тоа многу ме погоди, ме растажи, затоа што беа навистина тешки денови за мене.“
Најемотивниот момент од исповедта е кога Антони говори за тоа како сето тоа се одразило врз неговиот приватен живот.
„Само јас знам како ми беше. Бев дома, без сила дури и да си играм со синот, поминував денови без да јадам, бев затворен во мојата соба…“
Антони по периодот во Манчестер јунајтед се пресели во Бетис каде што многу брзо се адаптираше и започна да потсетува на најдобрите денови од времето кога го носеше дресот на Ајакс.
Во редовите на Бетис пристигна во јануари како позајмен фудбалер, но се очекува да остане и наредната сезона.
Фото: Real Betis Balompié