104
Тиери Анри е помошник во белгиската репрезентација собирајќи го потребното искуство за самостојна тренерска кариера.
Анри му дал прекрар на Ромелу Лукаку и сака сите да знаат за тоа.
„Сите играчи на Белгија сакаат да учат. Го нареков Лукаку „адвокатот“. Тој зборува за се, дури и за неговите чорапи“ – вели Анри.
„Важно е луѓето да го знаат тоа бидејќи понекогаш си мислат дека младите генерации не се грижат доволно“.
„Што треба Лукаку да подобри? Во се може да биде уште подобар. Но млад е, ќе продолжи да напредува“.
Лукаку во минатото коло имаше блескава партија против Борнмут постигнувајќи дури четири погодоци.