Анри контра Венгер: Голот на Алонсо беше чист

by
1 минути читање

Челси со 3-1 го доби дербито против Арсенал, но воведниот гол на мечот предизвика контроверзи. При постигнувањето на голот, Алонсо се послужи со лакт, го удри Белерин, но судијата покажа на центарот.

Арсен Венгер беше гневен по мечот на судиската одлука, како и фановите на Арсенал, но легендата на овој клуб смета дека голот е чист.

„Доколку сте неутрален, Алонсон ја нападна топката како што требаше. Го понесе моментот, изгледаше лошо, но тоа е тоа, дуелот беше фер. Двајцата одеа на топката, тој скокна во воздухот и мислам дека е чист гол“ – смета Анри.

„Ако се навратиме на она што го кажа Венгер, можам да разберам дека тоа го кажува од гледна точка на Арсенал. Но дали поради тоа го загуби мечот? Не“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани