Анри: Има нешто што се вика дефанзива, мислам дека подобриот тим оди понатаму!

by
1 минути читање

Реал Мадрид одигра одлична дефанзива, Манчестер Сити напаѓаше постојано, а идејата на кралскиот клуб беше да се обиде со контра напади да го загрозува голот на домаќините.

За многумина изгледаше како само Манчестер Сити да игра, но за Анри и дефанзивата е дел од играта и не секој знае добро да го прави тоа.

„Има нешто што се вика дефанзива. Можете да го контролирате натпреварот бранејќи се добро. Знам дека луѓето ќе речат дека Сити бил подобриот тим, но одбраната е дел од натпреварот. Мислам дека подобриот тим, тимот кој се бранеше добро, оди понатаму“, вели Анри.

„Знам дека Манчестер Сити ја имаше топката и ова и она, но начинот на кој Реал Мадрид се бранеше беше едноставно фантастичен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани