Пеп Гвардиола минува низ тежок период на приватен план, бидејќи се разведува со својата долгогодишна сопруга Кристина Сера по 30 години брак и три деца. Дури и резултатите на Манчестер Сити се лоши сезонава, а Тиери Анри изјави дека го разбира Шпанецот.
Французинот нагласи дека и нему не му било лесно во таквите момени, особено кога мора да се одржуваш на високо професионално ниво.
„Дали ми е жал за тоа што им се случува на Сити и Пеп? Да, жалам поради една работа. Не е лесно да се носиш со нешто такво како Пеп надвор од фудбалот. Минав низ таков период кога заминав од Бареслона. Не е лесно да се носите со таквите работи, психички не сте добро. Знаете каков е Гвардиола инаку. Можам да ви кажам дека не е лесно да се борите со тоа, никој не сака да го доживува, особено во исто време да носи резултати“, прокоментира Анри.
Инаку, низ таков период Анри мина во 2007 година кога се разведе од тогашната сопруга Клер Мери.