Поранешниот ас на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, е нов фудбалер на Ривер Плата.
Аргентинскиот напаѓач го напушти мексиканскиот Тигрес по само една сезона, во која имаше одличен учинок. Кореа на 54 натпревари постигна 23 гола и запиша 14 асистенции.
Сепак, понудата од Ривер Плата била нешто што не можел да го одбие, па по 11 години се враќа во родната Аргентина.
Кореа во 2015 година го напушти Сан Лоренцо и направи трансфер во Атлетико Мадрид за 10,5 милиони евра. Во дресот на мадридскиот клуб го помина најголемиот дел од својата кариера, одигрувајќи 469 натпревари, на кои постигна 88 голови и забележа 65 асистенции.
Сега, на 31-годишна возраст, се враќа во Ривер Плата, кој ќе биде само четвртиот клуб во неговата професионална кариера.