Англиски навивачи сакаа да си тераат мајтап со Емери, им врати со среден прст (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Унаи Емери викендов се врати во Англија, неговиот Виљареал вчера играше против Саутемптон, а денеска е закажан тест натпевар и со Фулам.

По натпреварот на Сент Мерис, Шпанецот делеше автограми и едни навивачи решија да ја искористат оваа прилика за да тераат малку мајтап со стратегот.

Кога Унаи Емери беше тренер на Арсенал, прес конференциите ги започнуваше со „Good evening“ но поради неговиот акцент, се слушаше „Good ebening“.

Па англиските навивачи сега сакаа да го трголаат и го замолија да каже „Good ebening“, а статегот наместо одговор им покажа среден прст.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани